Ракометарот на „Вардар“, Едуардо Гурбиндо, и неговата партнерка, Елена Милева од Свети Николе, станаа родители.
Бебето Лиам се роди на 6 април. Тој и мајката се чувствуваат добро и веќе се дома.
„Те чекавме долго мал ѓаволу“, напиша шпанскиот ракометрат и објави фотки од синот на „Инстаграм“.
Слики од бебето објави и Елена и им се заблагодари на пријателите за честитките.
„Нема лутиш ако сум ве оставила на seen, имам супер слатка причина за тоа. Мама и бебуш се супер, а времето го користиме максимално да се запознаеме и гушкаме“, напиша Елена.