Само криминалци овозможуваат заштита на криминалци. Таков е случајот и со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Тие направиле од државата Колумбија на Балканот. Овозможиле пасоши на српско – црногорска мафија, албанската, турската и италијанската мафија. И денес Заев и Спасовски овозможуваат заштита на криминалците зошто никој не ги бара и гони за кривично дело.
Ова се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ:
-Мрежата на Седат Пекер во Турција се апси, а во Македонија истиот тој шета со заштита од полицијата. Тоа е така зошто Заев е на чело на тој криминален октопод. Аферата „Мафија“ покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминалниот нарко картел исповрзан со мафиите од регионот. Што се однесува до Пустец токму МВР на Спасовски е тоа кое на познати криминалци крадело идентитети на граѓани од Пустец за да ја спаси мафијата, се вели во соопштението од ВМР-ДПМНЕ.