Дигитални зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе се издадаваат за сите вакцини против Ковид-19, а државјаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, соопшти Брисел. Се наведува дека сертификатите ќе се издаваат бесплатно, и дека планот е тие да стапат во сила до почетокот на летото.
– Предлогот јасно кажува дека земјите-членки можат да бидат обврзани да прифаќаат само вакцини одобрени од ЕУ, но тие можат слободно да прифаќаат и други вакцини, рече европскиот комесар за правда и заштита на потрошувачите Дидие Рејндерс.
Причината е дека „не можеме да им наметнеме обврска на земјите-членки за вакцини кои не се одобрени на нивна територија и без проверка од Европската агенција за лекови (ЕМА), па земјите-членки не можат да бидат сигурни дека вакцините кои не се одобрени се ефикасни и безбедни, додаде тој.
– Со предлогот, се обидовме да воведеме фер рамнотежа помеѓу овие различни елементи, рече Рејндерс во Брисел.