Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ се осврна на победата остварена ноќеска со тројка постигната со звукот на сирената на мечот со Мемефис гризлис (114:113).
– Бев многу изненаден кога топката мина низ обрачот. Не без среќа. Откако погодив ги доживеав најдобрите емоции, едноставно најдобрите. Понекогаш ќе погодите во овие ситуации, но понекогаш ќе има и промашувања. Ова е важно да се разбере, ова е најважната работа. Ако тимот ми верува во такви моменти, јас ќе продолжам да работам на тоа, изјави Дончиќ.
За словенечкиот репрезентативец ова е четврти удар од далечина во неговата НБА кариера во последните пет секунди од последната четвртина или во продолженија, по што на тимот му донесе или победа или изедначување на резултатот.