Вкупно 1.708 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 338 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 61 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 704 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1708 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле е примен еден пациент, а четири пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени девет пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 138 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 52 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 83 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 152 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациент, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 105 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп 121 во ковид – центарот во Гостивар 46, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.