Страшо АНГЕЛОВСКИ

Бидејќи и најплодните пишувачи не можат да стасаат да ги забележат сите глупости и сите намерни потези со кои и нанесуваат ненадоместлива штета на државата, оваа гарнитура на власт ќе остане забележана во хрониките на некој иден запишувач на денешново време како со години одгледувана  “фарма на црви“ која од гредите на кои се потпираше татковината создаде црвојадина која се заканува да ја урне целата конструкција. Црви кои ријат длабоко во гредите поставени овде од дедо-прадедо, црви кои се влечкаат по земјата натопена со крвта на хероите и како во хорор приказни наидуваат од сите страни. Црви кои ријат по гробовите на предците, црви кои ги нагризуваат страниците на книгите, црви како најниска форма на постоење без мозок, без чувства, без кичма. Црви кои се влечкаат по земјата и не служат за ништо освен како мамка со која големиот рибар (читај: големиот брат) како безмилосен предатор го мами и лови својот плен.

КОГА ЛУДИЛОТО ЌЕ ГО ПОБЕДИ РАЗУМОТ

Разумот, оној на нормалниот човек, како полека да отстапува пред лудилото кое на светот му го наметнуваат таканаречените либерофашисти. Тоа се оние кои во западната “демократија“ ги поседуваат банките, медиумите, дигиталната индустрија, “невладините“ организации… и преку нив ја наметнуваат својата “вистина“, а слободата ја толкуваат само како нивна слобода да толкуваат што е забрането, а што не. Па така, за само неколку месеци воспоставија тоталитаризам наречен “културно поништување“ (culture cancel), како современ вид на инквизиција, која, како и пред 8 века, повторно се раѓа во западнохристијанската цивилизација. За жал, овојпат, преку црвите кои лазат по земјата, а кои претходно ги споменав, наоѓа свој плен и во остатокот од светот.

Имено, во координирана акција тие веќе започнаа со “културно поништување“ на личности и нивни дела, бришење од постоењето на изведувачи и автори само затоа што имале спротивни ставови од нивните, книги и филмови само затоа што ги навредувале нивните неофашистички небулози. Па така, од колективното паметење се избришани херои од цртаните филмови и книги со кои растеле генерации деца, како култното мексиканско глувче Брзиот Гонзалес затоа што “придонесувал за популаризација на стереотипот за пијани и мрзеливи Мексиканци“; слончето Дамбо преку кое било “препознаено недозволено имитирање црнци“; Петар Пан, чие постоење “ги навредувало американските староседелци – Индијанците“ (а што ќе прават со илјадниците вестерн филмови само Господ знае)…

Истовремено, овие “морализатори“, “загрижени“ за чувствата на Индијанците  кои речиси ги истребија, црнците кои до скоро ги држеа во ропство и, Мексиканците кои се’ уште ги сметаат за суштества пониски од себе, во своите пишани медиуми објавуваат колумни со кои се бара озаконување на инцестот (брак меѓу мајка и син и татко и ќерка), а на своите електронски медиуми имаат емисија “Травеститски час по читање“, каде упадливо нашминкани травестити во тесни фустани и високи потпетици на деца од предучилишна возраст им читаат приказни како “Куклата на Вилијам“ или “Моето момче – принцеза“. Па уште, ги тераат малите дечиња да ги кршат своите тела играјќи во непристоен ритам.

За да биде нивното лудило уште поиннтензивно, Њујорк Тајмс во една колумна го повикува Бајден да воспостави функција “Цар за реалност“, како своевидно орвеловско “Министерство за вистина“. Ете зошто ја водеа трескавичната војна против Трамп, а за востоличување на нивниот puppet, сенилниот  Џозеф Бајден. И, откако преку наместениот пораз на Трамп беше поразена традиционалната Америка, либерофашистите тргнаа во освојување на светот. И нормално, најголема пречка за нив е православната вистина, наспроти нивните лажни, карикатурални западнохристијански вредности, чиј последен бедем е најголемата православна земја – Русија и, нејзиниот лидер – Владимир Путин.

И, “за да не се сетат Власите“, наместо директен удар, својата мрежа околу Русија ја плетат преку државите во кои одгледаа свои “фарми на црви“, дебело угоени со штедро дотураните “протеини“ преку невладините организации и со ограбените пари од буџетите на државите во кои “фармите на црви“ беа инсталирани на власт, а кои беа втерани во НАТО трлото како Македонија, на пример, или се чуваат со морковот на стапот како идни членови на воената организација, како Украина, Грузија и Молдавија.

МЕЃУ ВОЈНАТА И МИРОТ

За да не должам, се’ она што во моментов се случува околу Украина, околу Донбас, околу Црното Море и трупањето на воени сили на НАТО на западните граници на Русија и трупање руски воени сили на сопствената територија како легитимен одговор; се’ она што тамошните “фарми на црви“ како поголеми папи од папата го работат со протерувањето руски дипломати од нивните држави; се’ она што се случува во Сирија; се’она што значи  кинеско-иранскиот стратегиски пакт; она што значи од Русија предложениот алтернативен пат меѓу Истокот и Европа низ северната морска рута што е 5.000 километри пократка од минувањето низ неколку дена блокираниот Суецки канал… сето тоа е подготовка за можеби најважната пресметка во историјата на човештвото – пресметка на либерофашистите и нивните “фарми на црви“ со своите налудничави воспоставени западнохристијански вредности од една и, остатокот од светот со своите традиционални човечки и божји вредности од другата страна.

Каде е овде Македонија и зошто е важно ова да се знае?

Македонија, за жал, преку својата “фарма на црви“, актуелната гарнитура на власт, податливо и сервилно до понижување се вклопи во плановите на либерофашистите и нивните инквизициски методи на “културно поништување“. Преку “невладината“ министерка за образование, која понизно до болка ги исполнува наредбите на оние кои ја “одгледуваа“ низ годините на шаренореволуционерни активности, се остварува инквизициската активност на “палење на книгите“. Се уништува и брише се’ што потсетува на македонското постоење низ вековите, се укинуваат предмети и цели катедри, се укинуваат учебници и учебни помагала, а се форсира учење преку социјалните мрежи контролирани од “Царот за реалност“, преку “Травеститски час за читање“  и останати форми на бришење на родовата, семејната и националната припадност.

Од друга страна, во исто време додека се одржуваат најголемите воени вежби на НАТО после студената војна во источна Европа, насловени како “Defender Europe 2021“ за УВЕЖБУВАЊЕ ВОЈНА ПРОТИВ РУСИЈА, на Армискиот Полигон “Криволак“ ќе се одржи вежбата “Одлучен удар – 21“ со учество на околу 1.100 припадници на Армијата на РМ (оние на кои Шеќеринска им купи нови чорапи), околу 300 припадници на армијата на САД и  по околу 20 припадници на “братските“ армии на Република Бугарија и Република Грција ( оние истите кои учествувале во черечењето на Македонија, погромот на Македонците и кои до ден денес ги штитат окупираните македонски територии).

И, во исто време, “фармата на црви“ преку министерот за надворешни работи “изразува солидарност на државава со Украина и подготвеност да помогне во евентуалната воена разврска во враќањето на Крим на Украина и, воведува санкции кон Руската Федерација (да не е жално и опасно, ќе беше како скеч од К-15). Министерот во Владата од делот на Груби е свесен за сите опасности што ваквата поставеност ги носи, но живее во огромна надеж дека евентуалната воена победа на либерофашистите ќе ги реализира неговите големодржавни соништа за природна држава на сите Албанци на Балканот.

Сето ова мора да се знае, посебно заради оние кои случувањата во државава ги сведуваат на гола политичка битка меѓу двете најголеми политички партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, да се знае дека Македонија е втурната во виорот на либерофашистичките ветришта кои се стремат да оддуваат се’ пред себе и, што би рекол Џон Кери, се наоѓа на “линијата на огнот“.

Колку побрзо ова биде сфатено толку побрзо и полесно ќе се ослободат и обединат сите здравомислечки сили во државава. Да се обединат околу опстанокот на традиционалната, родовата, семејната и националната припаднст како услов за опстанок. Како услов за дезинфекција на државата од црвите кои лазат насекаде. Се’ друго претставува гола политичка борба за власт.

Ајде да се преброиме, време е!

(авторот е претседател на МААК)