„Боже, колку си сега згоден вака тетовиран и слаб, не си веќе како некое дебело прасе, сакам да се галиме“, јавно му порачуваат девојките.
Пејачот Дарко Лазиќ, кој неофицијално важи за “крал на корона-журките“, деновиве повторни ги занеме фановите и предизвика љубоморни реакции кај некои од колегите.
Тој од теретана покажува дека големо внимание посветува на својот изглед, откако ослабе за повеќе од 20-ина килограми и откако се тетовирал. Обожавателките се воодушевени, па му праќаат и јавни љубовни пораки:
“Боже, колку си сега згоден вака тетовиран и слаб, не си веќе како некое дебело прасе“, “Те сакам ваков покрај мене во мојата постела“, “Даркич, дојди да се галиме ќе има и репете“, “Секој дел од твоето секси тело би го бакнувала“, “Убавецу мој, ќе бидам твојата сопруга“…. се само мал дел од скокотливите коментари кои на Дарко му ја запалија фантазијата, па вети штом е така, дека од теретана ќе објави пожешки фотографии. Ај, баш да видиме!