Компанијата „Волт Дизни“, на Денот на планетата Земја, објави список потфати со цел популаризирање на обновливата и еколошка енергија, а за намалување на јаглеродните испуштања кај тематските паркови и одморалишта ширум светот.
Марк Пенинг, потпретседател на „Дизни“, одговорен за животни, наука и животна средина во однос на тематските паркови, напиша во објава на својот блог.
„Преку иновативно користење на просторот и со допир на магијата на „Дизни“, ние го користиме Сонцето за да заштедиме енергија и на одговорен начин. Нашиот нов список амбициозни цели нè обврзува да постигнеме нула испуштања во нашите директни операции до 2030 година“, напиша тој.
Енергијата произведена од светско ниво, во објектите на „Дизни“, според некои податоци, е еднаква на напојување 65.200 домови за една година. Станува збор за осум „волшебни“ паркови.
Плановите следат по предизвикувачки времиња за „Дизни“ – компанија силно погодена од корона-кризата.
Дизниленд парковите се очекува повторно да почнат да се отвораат на 30 април по затворањето долго над 13 месеци. На почетокот, само на жителите на Калифорнија ќе им биде дозволено да го посетат својот парк.