Клубови од Италијанскиот фудбалски шампионат бараат да биде изречена казна за Јувентус, Милан и Интер поради учеството во Суперлигата.

Според „Фудбал Италија“, 11 клубови од Серија А потпишале писмо со барање за преземање мерки против овие три клуба. Писмото содржи и повик за итен состанок на раководството на Лигата за да се дискутираат можните санкции.

Барањето за санкции го потпишаа: Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Кротоне, Парма и Каљари.

Од вкупно 20 учесници во лигата, покрај трите засегнати клуба, писмото не го потпишаа, Наполи, Лацио, Удинезе, Фиорентина, Аталанта и Верона.