Британскиот министер за одбрана Бен Волес изјави денеска дека не е точна информацијата објавена во некои медиуми дека премиерот Борис Џонсон наводно изјавил оти побрзо „би се согласил на илјадници починати“, отколку на воведување трет локдаун.
Лондонскиот весник „Дејли мејл“ објавил дека Џонсон за време на еден состанок во својот кабинет во Даунинг стрит одржан во октомври минатата година, наводно кажал дека „нема да го има повеќе проклетиот локдаун, ако треба и илјадници тела нека се таложат“.