Министерството за внатрешни работи информира дека вчера спровело зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина повеќе од дозволената на територијата на Република Македонија, при што санкционирани биле 815 возачи. Од нив, 170 на територијата на СВР Тетово, а 134 се движеле над дозволената брзина на територијата на СВР Куманово.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од министерството.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.