Признавањето на Косово е нешто што за Србија е неприфатливо во документот што го објавил весникот Коха Диторе, рекол денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според ТВ Н1, тој додал дека ќе согледаат што со тоа му се порачува на Белград, а што на Приштина.

Српските аналитичари потсетуваат на демантите од странските дипломати, но не ја исклучуваат можноста дека станува збор за „пробен балон“, вели ТВ Н1. Кој го напишал документот јавноста не знае, а Вучиќ се сомнева на една ичност, но не открива која е таа.

„Ме убија со разни нон-пејпери. ќе си дојдам во Белград по полноќ и ќе добијам нов нон пејпер, па ќе ме уништи притисокот, инаку ова другово се е во ред“, изјавил Вучиќ по вакцинацијата во селото Пуковац.

Овој документ повеќе го загрижува од наводниот на Јанез Јанша. Многу работи во документот на Србите би им се допаднале, но има нешто што го расипува расположението.

„Тоа е признавањето на Ксово, што е ужасно за Србите. Така што – еве ви Срби 90 или 80 отсто работи кои се добри, но кои ви се помалку важни, а најважната работа ќе ни ја испорачате“ рекол Вучиќ, зборувајќи за нон пејперот за Косово кој наводно е германско-француско дело што беше демантирано од двете земји.

За тоа кој би можел да биде автор на документот, Вучиќ рекол:

„Се сомневам на една личност, станува збор за исклучително паметна жена“, изјавил Вучиќ.

За известителот на ЕП за Србија, битно е да станува збор за нешто што е прифатливо за мнзинството граѓани на двете страни.

„Ако тоа не е прифатено од страна на неколку луѓе, но има широка поддршка во јавноста, тогаш е во ред“, рекол Влаидмир Билчиќ.

Реакциите доаѓаат откако приштинскиот весник Коха Диторе објави наводен нон пејпер за решавање на спорот меѓу Србија и Косово.

„Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е дел од содржината на наводниот нон-пејпер.

„Автономниот округ на Северно Косово“ би ја опфатила територијата на градовите Звечан со 35 села, Лепосавиќ со 72 села, Северна Митровица, која би била независна економска зона, и катастарската зона на град Зубин Поток со 63 села.

Меѓу другите точки, во документот се вели дека СПЦ ќе има посебен статус. Православната црква на Косово, како суштински дел од СПЦ, во согласност со уставните измени, треба да биде предводена од српскиот патријарх, кој треба да го има своето седиште во Пеќската патријаршија. Се предвидува сите постигнати договори досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година.

Зад предлозите наводно стојат Германија и Франција. Сепак, со експресен одговор се јави германскиот амбасадор на Косово. Берлин не е вмешан во ваков документ. Тоа е лажна вест, вели Јорн Роде.

Весникот Коха Диторе не може да ја потврди автентичноста на документот, но пишуваат дека разговарале со некои дипломати кои им потврдиле дека ова се помалку или повеќе точките и за кои се дискутира во дијалогот Белград-Приштина, кој според најавите треба да продолжи на 11 ти мај во Брисел.