Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар попладнево загуби во Велес од Борец и на три кола до крајот на Првата лига, драстично си ги намали шансите за опстанок во елитата.

Резултати на натпреварите од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграни попладнево:
Академија Пандев – Ренова 1:1
Беласица – Силекс 1:3
Борец – Вардар 2:0
Македонија ЃП – Пелистер 3:0
Работнички – Шкендија 3:5
Струга Трим Лум – Шкупи 0:0.

Табела: Шкендија 71 бод, Шкупи 56, Македонија ЃП 51, Струга 48, Работнички 41, Пелистер 38, Борец 36, Силекс 35, Академија Пандев 35, Ренова 32, Вардар 31, Беласица 17.