Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го прокоментира ремито на домашен терен со Челзи во првото полуфинале во Лигата на шампионите (1:1).

– Имавме многу подобро второ полувреме. Противникот започна брзо и силно, но мислам дека на крајот резултатот е фер. Сакавме да извршиме висок индивидуален притисок, но кога тоа не е многу добро, тешко се игра. Откако беше постигнат погодокот, игравме подобро. Добивме подобра контрола над играта. Сè уште сме живи и одиме на реваншот со мислите за победа. Генерално, задоволни сме од денешната игра.

Знаеме дека играат добро на противничката половина, имаат борбен тим, малку примаат голови. Челзи не игра во полуфиналето случајно, изјави Зидан.

Повратната средба ќе се одржи на 5 мај во Лондон.