Полициски службеници од СВР Тетово вчера спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, при што се санкционирани 43 возачи, соопшти МВР.
– Од нив 26 прекршоци се направени на територија на Полициска станица Тетово, а 17 на територија на Полициска станица Гостивар. Санкционирани се и 29 други видови на прекршоци, информираат од МВР и додават дека зајакнатите акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Воедно, од МВР апелират до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.