Фудбалерите на Борусија Дортмунд со убедливи 5:0 го совладаа синоќа второлигашот Холштајн Кил и стигнаа до финалето во германскиот Куп во кое идниот месец ќе играат против Лајпциг.
Борусија го обезбеди своето прво куп финале од 2017 година со четири голови веќе по половина час игра. Двоен стрелец беше Џовани Реина (16 минута, 23), а по еден гол постигнаа капитенот Марко Ројс (26), Торган Азар (32) и Џад Белингам (42).
Кил во второто коло го елиминираше актуелниот бранител на трофејот Баерн Минхен.
Финалето е закажано за 13 мај на Олимпискиот стадион во Берлин и втора година по ред поради пандемијата на коронавирус ќе се игра пред празни трибини.
Борусија Дортмунд ќе се обиде по петти пат да го освои трофејот, додека триумф на Лајпциг ќе му донесе прва куп титула во клупската историја.