Творецот на првата шампионска титула на Интер по пауза од 11 години Антонио Конте не даде прецизен одговор дали ќе остане на клупата на новиот италијански првак и следната сезона.
Интер во неделата ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус во италијанскиот фудбал, обезбедувајќи ја својата 19. титула во клупската историја на четири кола пред крајот на Серија А.
Конте седна на клупата на Интер во 2019 година, откако претходно освои три последователни титули со Јувентус (2012, 2013 и 2014)
– Воопшто не ми беше лесно при изборот да дојдам во Интер во време кога екипата не беше навикната да победува. Интер, исто така, е клуб, кој е директен конкурент на Јувентус, мојот поранешен клуб. Во овој момент мислам дека е најисправно е да уживаме во новото „скудето“. Секако ќе има време за разговор за сите работи што треба да ги направиме“, изјави Конѕте за телевизијата „Раи 2“.