Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони се искачи на 10. место во историјата на НБА-лигата по постигнати поени во кариерата.
На 11 минути и девет секунди пред крајот на втората четвртина против Атланта, Ентони со фаул постигна тројка. Кармело го направи својот гест со заштитен знак, удирајќи ја главата со три прста, а потоа ги крена двете раце во знак на неговото достигнување.
Ентони заостануваше девет поени зад Хејс, кој ја заврши кариерата со 27.313 поени, ноќеска против Хоукс (114:123) постигна 14 поени и стигна до 27.318.
Лидер во историјата на НБА по ефикасност е Карим Абдул-Џабар (38.387). Ентони има шанса оваа сезона да го престигне Мозес Мелоун, кој е на 9. место на листата (27.409). Останаа уште осум натпревари на Портланд до крајот на регуларниот дел на првенство.