Денес (04.05.2021) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Каролине Едштадлер, министер за Европа и Устав на Австрија, информриа ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги афирмирал добрите билатерални односи на Австрија со Македонија и се заблагодарил за принципиелната поддршка за евроинтеграцискиот пат на нашата земја.
Мицкоски нагласил дека отворањето на пристапните преговори, без дополнителни услови надвор од основачките принципи на ЕУ, треба да се случи час поскоро. Истовремено, било нагласено дека во Македонија се потребни суштински реформи во правосудниот систем и борбата против корупцијата, а за жал во последните години гледаме постојано назадување токму во тие области.
Мицкоски и Едштадлер разговарале за потребата од систематски реформи насочена кон правна сигурност, деполитизација на правосудството и јавниот сектор како и зголемена економска и трговска соработка помеѓу Македонија и Австрија, соопштува партијата.