Најголемата американска компанија за пренос на преработена нафта во САД, „Колонијал пајплајн“ ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопшти седиштето на компанијата.

Во соопштението се вели дека нападот е откриен на крајот на неделава, дека сите системи се затворени и дека интернетот е исклучен за да се реши проблемот.

Компанијата ангажирала експертска фирма за безбедност на интернет да истражува, а федералните власти се информирани за случајот, се вели во извештајот.

Нафтоводот на таа компанија ги поврзува рафинериите со јужниот и источниот пазар на САД преку систем со вкупна должина од околу 8.850 километри низ кој течат бензин, дизел, керозин.