Сечењето на прашумата во Амазонија се зголемило за 43 проценти во април во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на бразилската влада.

Во првите четири месеци од 2021 година, во областа Амазонија се исечени 1.157 квадратни километри.

Бразил е под голем меѓународен притисок, пред се од САД, да престане со уништување на најголемата тропска прашума, што е клучно за запирање на катастрофалните климатски промени, бидејќи прашумата апсорбира големи количини штетни гасови.