Велика Британија прифати на нејзина територија заради издржување на казната да биде префрлен поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Караџиќ е во притворскиот центар на ОН во Хаг. Тој чека да биде префрлен во затвор надвор од Холандија, каде ќе ја издржи казната, меѓу другото, и за неговата улога во масакрот во Сребреница за време на босанската војна.