Напаѓачот на актуелниот француски првак ПСЖ, Нејмар, откри во јавноста дека сака да биде соиграч со португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо.
– Во својата досегашна кариера играв со фантастични играчи како Лионел Меси и Килијан Мбапе, но сè уште не сум играл со Кристијано Роналдо, изјави бразилскиот напаѓач за француските медиуми.
Нејмар неодамна го продолжи договорот со ПСЖ со 2025 година, надевајќи се во следните три години ќе успее да го освои трофејот во Лигата на шампиони.
– Со ПСЖ сакам да освојам сè. Исто така, моја голема желба е да ја освојам светската титула со репрезентацијата на Бразил, додаде Нејмар.
Бразилецот го носи дресот на ПСЖ од 2017 година кога дојде од Барселона за рекорден трансфер од 222 милиони евра.