Американскиот сенатор Рон Вајден за „Vice News“ изјави дека Пентагон ги следи граѓаните на Соединетите американски држави без налог и без законска основа.
Министерството за одбрана ги следи граѓаните преку податоци кои ги собира од трговски компании. Исто така, ги следат кога ќе ја вклучат локацијата на нивниот мобилен телефон, вели сенаторот.
Сенаторот испрати отворено писмо до „Vice News“, за да го објави и предупреди граѓаните за овој проблем.
Пентагон ги следи граѓаните од 2017 година и многумина се прашуваат – зошто?
Тие влегоа во акција за следење на локации и други податоци од мобилните телефони поради илегални имигранти и терористи, па сега секој е закана и не постои начин да се следат само одредени луѓе, туку мора да се следат сите мобилни телефони.
Компаниите продаваат информации за своите клиенти на Пентагон, па сметаат дека таму нема ништо незаконско.
Се разбира, според сите светски закони, тоа е нелегално.