Лондонската североисточна железница се извини откако патникот Лоренс Колс се пожали на поздравувањето на патниците од кондуктерот со „добар ден дами и господа, момчиња и девојчиња“.
Колс објави на Твитер: „’Добар ден дами и господа, момчиња и девојчиња …’, како небинарна личност оваа објава навистина не важи за мене, така што нема да слушам“.
Небинарна е сеопфатна категорија за родови идентитети кои не се исклучиво машки или женски. Пријателката на Лоренс, Шарлот Монро (28), исто така, контактираше со компанијата, велејќи: “Бев со Лоренс кога беше испратен овој твит. Двајцата сме небинарни и бевме вознемирени и непријатно се чувствувавме заради недостаток на вклучување”.
Компанијата ЛНЕР испрати одговор: „Навистина жалиме што го видовме ова, Лоренс, нашите менаџери за обука не треба да го користат овој јазик и ви благодарам што го привлековте нашето внимание“.
„Работевме напорно за да ги едуцираме нашите луѓе зошто родовите заменки не се соодветни во вакви случаи и жал ни е што ова не е применето овде. Во нашата работа, не прифаќаме некој да се чувствува исклучен“.
Но, извинувањето не беше добро прифатено од сите, Џеј Бичер коментираше: “Татко ми беше машиновозач. Ако некој ‘небинарен’ се обидел да го поправи поради најавата со која им се обраќа на патниците како „дами и господ” сигурен сум дека тој со право ќе им кажеше да се идентификуваат како автомобил и да возат дома сами “.
Портпаролот на ЛНЕР вели: „Ние сме посветени на различноста и вклученоста во сè што правиме за нашите клиенти, колеги и заедници“.
„Нашите политики и процедури редовно се прегледуваат, а во светло на неодамнешните коментари, ќе разгледаме дали треба да се направат дополнителни измени“.
„ТфЛ“ им нареди на вработените да не користат „дами и господа“ во 2017 година, со цел да спречат вработените да ги навредуваат трансродовите патници во лондонската автобуска, метро и железничка мрежа.
Лоренс, кој работи како чувар во Југозападната железница, а исто така е ЛГБТ + претставник на синдикатот на РМТ и на „Лабуристичката партија“ во Тутинг, јужен Лондон, не сакаше да коментира повеќе.