Лондонската североисточна железница се извинила откако патникот Лоренс Колс се жалел заради поздравот што на патниците им го упатил кондуктерот со зборовите: „Добар ден, дами и господо, момчиња и девојчиња“.
Колс напишал на Твитер: „Добар ден, дами и господо, момчиња и девојчиња! Овој поздрав не се однесува на мене како небинарна личност (ни машко, ни женско, н.з.) така што нема да го слушам“.
Со Лоренс била и неговата небинарна другарка Шарлот Монро (28) која исто така се пожалила до компанијата велејќи дека и двајцата биле вознемирени и се чувствувале непријатно поради тоа што не биле вклучени во поздравот.
По ова “LNER” компанијата испратила одговор во кој стои: „Жал ни е поради ова. Нашите менаџери на возови не би требало да користат ваков речник и ви благодариме што ни свртевте внимание. Напорно работевме на едукација на нашите луѓе во врска со ова односно за именување на родовите кои не се прикладни во вакви случаи. Не прифаќаме никој да се чувствува исклучен“.
Но, извинувањето на компанијата не било дочекано благопријатно од сите. Џај Бичер коментирал:
„Татко ми беше машиновозач. Ако некој небинарен би се обидел да го поправи поради таквиот поздрав, сигурен сум дека со право ќе му кажеше да се идентификува како автомобил и да се одвезе дома“.
Инаку, комшанијата „TfL“ уште во 2017 година му наредила на персоналот да не ги употребува зброовите „дами и господо“ за да не се навредат трансродовите патници на лондонската автобуска, железничка и метро мрежа.