Седумдесет и осум возачи во Скопје се санкционирани во текот на вчерашниот ден за брзо возење.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека изречени се вкупно 166 мерки од кои 78 за возење над дозволената брзина, пет за возење без возачка дозвола, пет за користење на мобилен телефон за време на возење и пет за поминување на црвено светло. За непрописно паркирање, сообраќајната полиција изрекла 51 санкција, а санкционирани се и осум пешаци.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.