На социјалните мрежи од вчера се споделува фотографија на која може да се види дека Република Македонија во Грција не е веќе ни БЈРМ, ни Северна, туку едноставно Соседна Земја.

На фотографијата се гледа патоказ во Република Соседна Грција, на пат во близина на Лерин (грчки Флорина) кој покажува дека до Република Македонија има 19 километри.

Грција, како што со полна уста објавуваат актуелните македонски функционери е „наш стратешки партнер кон ЕУ“, а таа е и чувар на нашето небо. Но, на својата земја Грција не сака да го напише ни вистинското име на Македонија на сообраќајните знаци.

Наспроти тоа власта во Република Македонија ги брусеше симболите со 16-кракото сонце, кое беше симбол на нашето државно знаме по осамостојувањето, а веднаш по потпишувањето на договорот од Нивице, беа сменети имињата на меѓународниот аеродром Александар Македонски во Скопје, сменето беше името на автопатот и поставени нови сообраќајни табли со „Северна“.

(Д.Г.)