Нетанјаху со благодарност до 25 земји, меѓу кои и Македонија, за поддршка во борбата против терористичките напади

/ 16.05.2021

Премиерот на Израел преку својот официјален Твитер им се заблагодари на 25-те држави меѓу кои се наоѓа и Македонија кои и дадоа поддршка на земјата и нејзиното право да се заштити од терор.

Имено премиерот на Израел Бенјамин Натенјаху им се заблагодари на државите кои ја поддржуваат неговата земја во борбата против теророт. Меѓу нив од Балканот се најдоа Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Словенија.

Инаку во петокот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук даде поддршка на израелската држава да си го брани своето население.

Денеска Александар Николоски објави дека поради таа поддршка, Мицкоски добил сериозни закани од радикални структури кои се однесувале на него, но и на неговото семејство.


Од истата категорија