Најстариот диџеј на светот, 96-годишниот Реј Кордеиро, го одработи своето последно радио шоу. Тој беше водител повеќе од седум децении, објави „Би-Би-Си“.
Реј Кордеиро им се заблагодари на слушателите и ја заврши својата емисија „All The Way With Ray on Saturday Night“.
„Па тоа е тоа. Ви благодарам многу што ја вклучивте програмата, збогум, ви благодарам што дојдовте“, рече диџејот, познат како чичко Реј.
View this post on Instagram
Неговата програма се емитуваше на јавниот сервис во Хонг Конг од 1970 година. Тој е познат по својот баритон, капа и најслушани плејлисти, а во 2000 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како диџеј со најдолг стаж во светот.
Кордеиро, кој е роден во Хонг Конг и има португалско потекло, во неодамнешното интервју истакна дека тој е „најсреќниот човек на светот“ затоа што ужива во својата работа.
Во живописна 72-годишна кариера, тој се сретнал со некои од најголемите ѕвезди како Битлси, Клиф Ричард и Тони Бенет.