Стадион „Гоце Делчев“ – Прилеп. Или барем тоа што остана од него.
На овој стадион некогаш гостуваа екипите на Црвена Звезда, Динамо Загреб, Перуџа, Митјиланд, Ризеспор, Пашинг, Пјуник, Одра, Спартак Трнава, Универзитатеа Крајова… гостувале и репрезентациите на Малта, Финска, Албанија, Англија-21, Португалија-21, олимписките репрезентации на Југославија и Германија…
За жал, денес овој стадион е само урнатина, и спомен за една силна ПОБЕДА.
Прилеп, најфудбалскиот град во Македонија, и еден од најфудбалските градови во бивша Југославија, денес НЕМА СТАДИОН !!!
Гордоста на градот, стадионот „Гоце Делчев“ денес е само урнатина. Уште потрагично е што до сега сите политички партии ветуваа обнова и модернизација на стадионот. Ако ова е модернизацијата, во ред. И се поставува прашањето, зарем со ваков стадион се надеваме дека фудбалот ќе има просперитет во државава?
Жално и срамно.
Се надеваме дека во некои подобри времиња некоја идна локална власт ќе се сети на стадионот „Гоце Делчев“ и ќе ја врати гордоста на Прилеп и прилепчани.
До тогаш останува само да се потсетуваме како на овој стадион ги гледавме Перуџа, Митјиланд, и како репрезентацијата на Македонија нема загубено никогаш на овој стадион.
И останува до тогаш екипата на ПОБЕДА, двократен првак на Македонија, да биди кираџија во некој друг град, на некој друг стадион.
(Постирано од Аљоша Ивановски на неговиот ФБ профил)