Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски преспаа четири години и наместо да работат во интерес на граѓаните беа фокусирани на крадење, мрзеливост и посетување на локалните кафеани, рече на прес-конференција Даниел Апостоловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во моментот се наоѓаме во Волково на фамозниот кружен тек кој како дивоградба Наумоски го асфалтираше два пати за пет месеци. Дури и кога сакаат да се пофалат и конечно да решат нешто да направат по четири години спиење и од тоа ќе одлучат да украдат од народот. Наумоски се фали дека е многу активен а не знае дека граѓаните на Кучково, Орман, Никиштани немаат редовен автобуски превоз токму поради неговите избрзани идеи донесени под притисок од четиригодишното неработење. Наумоски е загрижен само за тоа дали ќе добие нова кандидатура од неговата партија за да може да продолжи со неработењето и зголемувањето на личното богатство. Од граѓаните е прочитан одамна. Граѓаните во октомври по победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Ѓорче Петров ќе добијат посветен градоначалник кој ќе работи секој ден за нивните потреби, а нема да се сеќава на нив само кога се изборите, истакна Апостоловски.

Волково ќе биде во приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и новата локална власт и ќе им одржиме лекција на Наумоски и неработниците од СДСМ како се работи за својата општина и својот народ, додаде тој.