Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев синоќа изјави дека бара начин за смена на двајцата началници на специјалните служби по скандалот со прислушуваните опозициски политичари, јави дописникот на МИА од Софија.

– Постои постапка, но ќе се побара опција за нивно отстранување и ставање на ново раководство и започнување на овие служби да работат во интерес на граѓаните, во интерес на државата, а не во туѓи интереси, какви и да се, посочи Јанев.

Партијата Демократска Бугарија објави дека 32 политичари, вклучително и носители на листи на изборите на 4 април, биле прислушувани и следени.

Обвинителството на градот Софија вчера нареди да се спроведе истрага поради наводите за прислушување на политичари.