За Амбасадата на САД во Рим и Стејт департментот македонскиот јазик стана северномакедонски.
Амбасадата и Стејтдепартментот упатуваат покана за конференција која ќе се одржи на 8 и 9 јуни 2021 година, а во поканата покрај преводот на други јазици е предвидено и на македонски, кој во поканата е наречен „северномакедонски“.
– Американската амбасада од Рим и Стејт департментот, упатуваат покана на наши институции за некоја конференција, каде нашиот јазик е наречен “северномакедонски”. Идентитетот, а сега и јазикот бетон. Идентитетот, а сега и јазикот бетон, објавува на својот профил на Фејсбук, поранешната пратеничка Солза Грчева.
Власта предводена од Зоран Заев убедуваше дека се „забетонирани“ идентитетот и јазикот по промената на уставотото име на Република Македонија.