Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје санкционира 152 возачи, меѓу кои 28 за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, 21 возачи на мотоцикли.

Како што информира МВР, изречени се  и 12 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, девет за непочитување на првенство на минување, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 42 санкции за непрописно паркирани возила.

Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.