За време на синоќешниот полициски час 11 лица не ја почитувале забраната за движење, а во текот на изминатото деноноќие регистриран е 171 прекршок за мерката за носење лична заштита на лице, на целата територија на државава, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.