Врнежи од дожд од утре попладне, повремен засилен северозападен ветер и пониски температури, најавуваат метеоролоите.
Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно, од пладневните часови со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до крајот на денот. Локални врнежи ќе има и во првите два дена од работната седмица. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, а температурите ќе се намалат и до среда ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Стабилизација на времето се очекува од среда со зголемување на температурите.