Во продавница во центарот на Белград утринава, непосредно пред 9 часот, дојде до експлозија, а потоа и до пожар, јави дописникот на МИА од Белград.

Од српското Министерство за внатрешни работи за РТС потврдија дека пет лица се повредени од експлозија на плинска боца, од кои, според медиумите едно лице се здобило со потешки повреди.

Експлозијата се случила во ресторан за брза храна за време на поправка на плинска боца. Локалот целосно е уништен, а од силината на експлозијата оштетени се уште два локала и искршени се прозорците во околните згради.

На терен се излезена четири противпожарни екипи со 17 пожарникари.

Сите повредени се пренесени во Ургентниот центар и медицински се згрижени.

Како што изјавија очевидци, експлозијата била толку силна што помислиле дека нешто се урнало.