Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се сопнаа веќе на првата пречка на патот кон одбрана на титулата во НБА лигата, откако синоќа претрпеа домашен пораз од Феникс со 100:113 и со вкупен резултат од 2:4 се елиминирани во четвртфиналето на Западната конференција.
Девон Букер со личен рекорд во кариерата од 47 поени го предводеше Феникс до клучниот триумф во плејоф серијата до четири победи во пресметката со актуелниот шампион.
Пласман во полуфиналето од плејофот на Западот обезбеди и тимот на Денвер, совладувајќи го Портланд на гостински терен со 126:115 во шестиот меѓусебен натпревар.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше најефикасен на мечот со 36 поени, а втор стрелец во редовите на Денвер беше Мајкл Портер јуниор со ефект од 26 кошеви.