На територијата на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, соопштија денеска од МВР.
Од изречените санкции 13 се за возење без возачка дозвола и три за управување под дејство на алкохол.
– Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, 16 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за некористење сигурносен појас, 63 санкции за непрописно паркирање, се наведува во соопштението од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.