Фирмата „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски, пријателот на Заеви од државата добила со сигурност над 6 милиони евра тендери, а не плаќала данок, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Да потсетиме дека оваа компанија отпочна стечајна постапка, а Чифлигароски според информациите од јавноста е во бегство. Ова Власта на Заеви не го демантираше ова, што само фрла дополнителен сомнеж за сите криминални бизниси со кои беа поврзувани Чифлигароски и Вице. Имено според пријавата која постои до МВР, а која потоа беше мистериозно фалсификувана, токму фирмата „СВ Инвест“ и Вице се посочувани во изнудата на 250 илјади евра во случајот „Рекет во РЕК“. Уште посомнително после пријавувањето на случајот компанијата „СВ Инвест“ почнува стечајна постапка иако со години наназад добиваше милионски тендери од власта на Заев. Дали Чифлигароски освен бизнис потпора имал и директна закрила во матните зделки и криминогените активност од семејството Заеви?- прашува опозициската партија.
Дали Чифлигароски, се додава во соопштението, бил само параванот зад кој се крие Вице Заев?
-Дали Чифлигароски намерно бил толериран од страна на државата иако немал платено над 2,5 милиони евра даноци, само затоа што е близок со Заеви? Дали Чифлигароски бил навреме информиран за пријавата и откриените матни зделки и затоа е надвор од државата? Овие прашања треба да бидат одговорени, прво пред јавноста, а потоа и пред обвинителството. Клопчето полека се отплеткува и наскоро ќе се дознае за улогата на поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски, Вице, Чифлигароски, хотелот „Вила Парк“ во Струмица и низа други лица, случаи и локации поврзувани со случајот „Рекет во РЕК“. Четири години власт на Заев, 4 години украден живот. Доста е!- се вели во соопштението од опозициската партија.