Суд во Москва пресуди дека организациите поврзани со опозицискиот лидер Алексеј Навални треба да се сметаат за екстремистички, по барањето на московското Обвинителство.
Се работи за невладините организации Фондација за борба против корупција и Фондацијата за заштита на правата на граѓаните, како и движењето Навални.
Таа одлука влегува во сила веднаш и тие организации се распуштени и мора да престанат да работат. Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за обвиненија што ги негира.