Европската унија ја предупреди британската Влада  дека секоја „еднострана“ мерка за трговски аранжмани по брегзит во Северна Ирска ќе биде проследена со „брза и цврста“ реакција.

„Доколку Велика Британија преземе понатамошни еднострани чекори во следните недели, не би се двоумеле да реагираме брзо, цврсто и одлучно“, изјави потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович, по неуспешниот состанок во Лондон.

Лондон и Брисел се обидуваат да постигнат договор за „протокол за Северна Ирска“, за кој се преговараше во рамки на повлекувањето на Велика Британија од членството во ЕУ.

Според протоколот, што стапи на сила на 1 јануари, кога Велика Британија ја напушти ЕУ, Северна Ирска се уште е на единствениот европски пазар и царинската унија на стоки што пристигнуваат во Северна Ирска од остатокот на Велика Британија .

Целта на тој протокол е да се избегне физичката граница помеѓу Северна Ирска и Ирска. локалните власти во Севрна Ирска се повеќе изразуваат незадоволство од тој протокол со осуда за де факто воведување граница.