Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 27 степени.
В понеделник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.