Зоран Заев и министрите Бујар Османи и Крешник Бектеши, пристигнаа во Букурешт каде што попладнево ќе бидат присутни на Националната Арена и ќе го следат дуелот меѓу Македонија и Австрија.
„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на својот „Фејсбук“.