Лондон сака да ги подобри односите со Москва, но ќе одговори на „злонамерните постапки“, изјави денеска шефот на британската диломатија, Доминик Раб.
-Треба да се прилагодиме на новите закани со кои се соочуваме. Ова ќе го сториме со тоа што на Русија и другите непријателски држави ќе им ставиме јасно до знаење дека ќе ги повикаме на одговорност и ќе ги присилиме да платат за нивното злонамерно однесување, изјави Раб за „Скај Њуз“.
Меѓутоа, како што вели, Лондон, исто така, посакува да ги подобри односите со Москва.
-Вратите на дипломатијата секогаш остануваат отворени за подобрување на однесувањето, додаде британскиот министер.
Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, неодамна изјави дека има зголемена активност на руски бродови крај британскиот брег, нарекувајќи ја Русија непријател, што претставува најголема закана.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Русија нема намера да напаѓа никого. Според министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, северноатлантската Алијанса е свесна дека Москва не планира да нападне никого, туку едноставно користи изговор за распоредување повеќе војници во близина на границите на Русија. Москва повеќе пати изрази загриженост за зголемувањето на силите на Алијансата во Европа