Виктор ИВАНОВ, новинар на „24 часа.бг“ во коментар на седмицата

(авторот на овој коментар е новинарот кој го објави предлогот на Заев до Софија – зборуваме ист јазик, кој е меѓународно признат како два различни)

Македонците се Бугари. Се докажува со нивната генетска карактеристика дека вториот ак’л (мозок, н.з.) секогаш им е подобар од првиот. Да го земеме за пример нивниот премиер Зоран Заев. Откако реши да печали на изборите на грбот на Бугарија (локалните избори во рм, н.з.) одеднаш беше принуден да коленичи во Софија со надеж дека ќе добие некој добар збор и со тој збор да се врати во Скопје.

Заев дојде во Софија, иако беше целосно јасно дека нема никаков начин во предизборната ситуација во Бугарија да добие одобрение за почеток на преговорите со ЕУ од претседателот Румен Радев и техничкиот премиер Стефан Јанев.

Не јазикот, Охрид да ни го подареше, немаше начин да добие дозвола за преговори. Патем дали некој помни, зошто со Македонците се однесуваме како со љубовница… Ако ги погледнеме темите на споровите, тие се вистинска „драма“: дали ќе им го крстиме јазикот бугарски, дали на Гоце ќе му закачиме лавче или ѕвездата на Вергина, реално нема апсолутно никакво значење.

Во минатото заглавуваат бедните, тие кои не гледаат никаква перспектива во иднината, тие се спасуваат со спомени какви големи наследници се.

За жал, во моментот сме во ситуација во која седум милиони голтари (толку жители има Бигарија, н.з.) се подигруваат со два милиони голтари (толку жители има РМ). И вината за спорот е, колку во македонската тврдоглавост, толку и во исконската бугарска тапавост. Бугарија тврди дека е големиот брат, богата и напредна држава. За жал, не се однесува како таква. Бугарија можеше уште при порачувањето на вакцините, да набави и за бугарските граѓани, но и за македонските гршани. А не само да ветува, од јануари, па наваму. Ако испратевме само едно камионче, кое служи за превоз на кренвишли, со Фајзер вакцини, Македонија веќе ќе беше бугарска.