Студија на Универзитетот Гете во Франкфурт заклучи дека учењето од далечина, воведено како резултат на епидемиолошките мерки, не ги донесе посакуваните ефекти, туку довело до уназадување на учениците.
Преку анализата, научниците дошле до заклучок дека „учењето од далечина било исто толку ефикасно како и летен распуст“.
– Просечниот развој на учениците за време на учењето од далечина во пролетта 2020 година беше обележан со стагнација, па дури и заостанување, и со тоа ги има истите ефекти како за време на летните одмори, објасни професорот по педагошка психологија Андреас Фреј.
Според него, се зголемил и раздорот во знаењето меѓу сиромашните и богатите, истакнувајќи дека ситуацијата е малку подобра во текот на зимата, бидејќи луѓето се навикнуваа на онлајн наставата.