Европската куќа на фудбалот УЕФА, го одби барањето стадионот во Минхен да биде обоен во боите на виножитото за време на натпреварот Унгарија – Германија. Тоа требаше да биде поддршка за ЛГБТ заедницата, но и протест против донесениот закон во Унгарија со кој се забранува промоција на хомосексуалноста кај малолетните лица.
„УЕФА е политички и верски неутрална организација. Барањето имаше политички контекст, насочено против одлуката на парламентот во Унгарија, УЕФА мораше да го одбие“, се вели во соопштението на европската фудбалска федерација.
Градскиот совет на Минхен даде предлог фудбалската Арена да биде осветлена во боите на виножитото како реакција на законот кој унгарскиот парламент го изгласа на 15. јуни.