Папата Франциск денеска е примен во болница во Рим на „закажана операција“ на дебелото црево, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Бруни појасни дека 84-годишниот Папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево.

Не е познато точно кога ќе се изврши операцијата, за што Бруни рече дека Ватикан ќе објави ново соопштение.